75
Раководството и тренерскиот штаб на Барселона одлучија да привлечат напаѓачки играч за време на зимскиот преоден рок во јануари, соопшти каталонскиот весник “Спорт”.
Оваа одлука доаѓа како последица на тешката повреда која ја доби Рафиња за време на натпреварот од Лигата на Шампионите против Рома во вторникот.
Бразилецот ќе претрпи операција на коленото и нема да игра повеќе оваа сезона.