Челзи и Арсенал во дербито на 6 коло од Премиер лигата. Дуелот е денес кога два тима со шампионски амбиции, но кои веќе заостануваат зад лидерот на табелата Манчестер Сити. “Сините” кои имаат само една победа за пет натпревари, се едвај 17-и со 4 поени, на 11 зад “граѓаните”.”Топџиите” пак се четврти со 10 поени, пет зад Сити.
Жозе Мурињо загуби два последователни натпревари во англиската елита за прв пат од девет години. Тој нема три последователни порази во Премиер лигата во кариерата. Сепак, ова може да се случи денес против Арсенал. Арсен Венгер во август ја зеде својата прва победа во натпреварите против Специјалниот од 14годишното искуство. Французинот сега сака да го повтори својот успех.
Додека двата тима се обидуваат да се израмнат со Манчестер Сити вниманието на медиумите е насочено кон Мурињо и Венгер или поточно кон старото непријателство. Португалецот одамна води војна со францускиот специјалист. Уште при првиот престој во Челзи тој го нарече менаџерот на Арсенал “воајер”, а пред една година го дефинира како “специјалист за неуспесите”. На ден пред натпреварот двајцата најавија закопување на секирите. Мурињо дури најави дека е подготвен да му стисне раката на Арсен Венгер, кој пак политички одби да зборува на темата за скандал со посебниот.