Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ денеска изјави дека неговата земја очекува од ЕУ единствено решение на бегалската криза, пренесе РИА Новости.
“Ние се залагаме за единствено европско решение, бидејќи во моментов се чини дека секоја земја прави што сака во врска со бегалската криза. Кризата продолжува веќе неколку месеци и ние чекаме ЕУ да најде решение кое ќе ги почитува ставовите на сите земји “, рече Стефановиќ. Тој потсети дека бегалците практично без контрола влегуваат во Грција, стигнуваат до Србија, но нивното движење натаму е отежнато од од Унгарија и Хрватска.
Во Србија официјално го поминале око 150 илјади бегалци, водејќи сметка дека биле регистрирани околу 85% од учесниците на протокот мигранти. Земјата е дел од т.н. “Балкански миграциски правец”, на кој бегалците од Блискиот Исток и Северна Африка се упатуваат кон Западна Европа.