Група сириски бунтовници обучувани од САД замина за Сирија

од desk3
97 прегледи

fda6f3e9964d40a590b79405c7268562
Група од 75 сириски бунтовници, кои минале обука спроведена од американски офицери во камп во Турција, во текот на викендов заминале за Сирија, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

– Вкупно 75 нови борци, обучени во камп во близина на турскиот главен град (Анкара) во ноќата меѓу петокот и саботата влегле во Сирија во провинцијата Алепо, изјави раководителот на Центарот, Рами Абдул Рахман.

Бунтовничките борци, опремени со лесно оружје и муниција, отпатувале за северната сириска провинција Алепо со конвој возила, заштитувани од летала на возухопловствата на меѓународната коалиција, која извршува воздушни напади врз позициите на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак..

Според Центарот, овие 75 обучени бунтовници ќе се вклучат во борбите на две бунтовнички групи во Сирија, кои се поддржани од САД. /МИА

Слични содржини