[РЕЦЕПТ] Крцкаво печено пилешко

од Vladimir Zorba
364 прегледи

Потребни производи:
2 чаши мелени крекери со вкус на сирење
1 чаша кромид, сецкан на коцки
½ чаша трошки од леб
2 лажици сусамово семе
сол и бибер по вкус
4 парчиња пилешки гради без кожа, исечени на половинки
3 лажици мајонез1119ba63ee8a499e3e5663cf39cee8f1

Подготовка:

Измешајте ги крекерите и кромидот заедно со трошките, сусамот, солта, црниот пипер заедно. Промешајте и издвоете настрана.
Измијте ги пилешките гради и исушете ги. Нанесете тенок слој мајонез насекаде по нив. Потоа потопете во смесата. Направете го тоа од двете страни на месото.
Ставете го пилешкото во претходно подготвена и подмачкана тава. Посипете обилно со остатокот од смесата во садот. Испрскајте го пилешкото малку со масло и вода.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.