Руски авион со над 200 патници се урна над Синајскиот Полуостров

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Повеќе од 20 амбулантни  и спасувачки екипи веќе патуваат кон местото каде што паднал авионот

авион

Патнички авион со 212 патници исчезна. Египетската служба за контрола на воздушниот сообраќај го  изгубила контакт со авионот, откако тој полетал од одморалиштето Шарм-ел-Шеик кон Русија, пренесува “Мирор”. Авионот Airbus е на компанијата “Когалимавиа” и претрпе несреќа во северниот дел на Синајскиот Полуостров , пренесува РИА Новости.  Sky News Arabia пријавена дека итните служби веќе се на  местото на несреќата и над 20 амбулантни возила се упатиле од градот Ел Ариш. Во авионот имало 212 патници и 7 членови на екипажот. По првичните информации, луѓето во авионот  се главно руски туристи, и се враќале  во својата татковина по повеќедневен одмор.