Потребни производи:
500 г крем сирење
½ чаша масло
2 чаши шеќер во прав
1 лажичка течна ванила
Подготовка:
Во сад на блендер измешајте ги сите состојки до добивање на мазна кремаста смеса. Наполнете ја смесата во слаткарски шприц и украсете ги мафините. Глазурата може да се користи и за други слатки.