Пукањето се води со автоматско оружје на 7-тиот кат.

Во хотелот “Радисон Блу” во малијската престолнина Бамако се земени 170 заложници, пренесува lifenews.ru. Според информациите две лица држат заложници 140 гости и 30 вработени на хотелот. Според податоците на France24, заложниците се земени од непознати лица , кои престојувале во хотелот со автомобил, со каков се возат дипломатите. Тие мирно влегле во хотелот се качиле на 7-ми кат и оттаму отвориле оган. Пријавени се пет убиени и десетици повредени. Меѓу загинатите се чувари, вработени и клиенти на хотелот. Џихадистите пукаат со автоматско оружје. Силите за безбедност го блокирале регионот. “Се се случува на седмиот кат. Џихадисти пукаат во ходникот” изјавил извор од органите на редот. Очевидци слушнале и експлозии од хотелот.