[РЕЦЕПТ] Kaрфиол во фурна со масло и лук

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Потребни производи:
1 голема глава карфиол
2 лажици толчен лук
3 лажици маслиново масло
1/3 чаша рендан пармезан
сол и бибер по вкус
Свеж магдонос, исецкан на ситно

15f80ef09deb2f9c0fd92594d945420eПодготовка:
Измијте го карфиолот. Поделете го на помали розички. Загрејте ја рерната на 220 степени.

Подгответе тава за печење и намачкајте ја со масло.

Ставете го карфиолот во сад со капак. Додаде кон него маслиново масло и лук. Затворете го капакот цврсто и потоа протресете добро за да се измешаат сите вкусови и да упие добро карфиолот.

Истурете во садот за печење. Додајте сол и црн пипер. Печете во загреана рерна околу 25 минути мешајќи повремено. Непосредно пред да го извадите од рерната посипете со магдонос и пармезан. Печете за уште 5 минути за да се добие златна боја.