Во ексклузивното интервју од вторникот, во кое Чарли Шин призна пред Мет Лауер дека е HIV-позитивен, тој откри уште некои интересни факти. Како на пример, дека дал околу 10 милиони долари мито на различни изнудувачи, за да го задржи во тајност медицинскиот статус.
Чарли одеднаш започна да мисли трезвено и се исповеда: “Изнудувачите забораваат дека ги крадат парите на моите деца.”
Следствено на тоа Шин доста е ослабен финансиски, па одлучил да продаде две од трите куќи во Беверли Хилс.
Поранешната ѕвезда на серијата “Два и пол мажи” планира да ги продаде двете куќи во комплексот на Лос Анџелес “Mulholland Estates”, каде живеат Парис Хилтон и Кристина Агилера.
Чарли сподели искрено дека неговата финансиска состојба во моментов не е воопшто розова, а дека има да мисли како да ја обезбеди иднината на 5-те деца и на неговата внука.
Токму затоа 50-годишната ѕвезда соопшти дека продава две од вилите во Ел Еј кои ги купил во 2011-та и 2012-та за сумите од 4,8 милиони и 7 милиони долари.
Шин планира да го задржи третиот дом во Беверли Хилс, кој го стекна за 7,2 милиони долари во 2006 година.
Холивудскиот боем и плејбој ќе треба да ги лиши двете поранешни сопруги – Денис Ричардс и Брук Милер од предметните две куќи, кои тие ги населуваа досега со неговите деца.
Од Денис тој има две ќерки – Сем и Лола, а од Брук има синови-близнаци – Макс и Боб.
Сепак Шин се обиде да биде оптимист и рече: “Искусив многу нешта. Бев сиромашен, потоа бев богат, сега пак сум сиромашен, но ќе преживеам! Само отворам ново поглавје во животот. “
Видете ги куќите кои засега се во сопственост на т Чарли, во галеријата.