Ситуацијата во Сирија е подобрена откако Русија ја почна својата воена кампања. Тоа го коментира сирискиот претседател Башар ал Асад за државната новинска агенција Сана.
“Ситуацијата во Сирија се подобри од почетокот на руската операција против терористите”, изјавил Асад и додал: “И сега можам кажам дека сириската армија постигнува напредок на сите фронтови.”
За два месеци руските воздухопловни сили постигнале поголем напредок во Сирија од предводената од САД коалиција во текот на една година, истакнал сирискиот претседател.
Мета на “Исламска држава” фериботите во Ламанш
“Пред руското учество да започне пред околу два месеци, измина повеќе од една година, откако Американците ја започнаа својата кампања против терористите, а резултатот е дека терористите освоија повеќе територија и повика повеќе борци од целиот свет”, коментирал Асад.
Главната разлика помеѓу руските и предводени од САД операции во Сирија е дека Москва, за разлика од Вашингтон, соработува со сириската армија, истакна Асад.
“Во првиот месец на руската интервенција, истите терористички групи отстапија и ја напуштија Сирија”, додаде тој.
Претседателот, исто така, истакна дека Дамаск е подготвен на дијалог со опозицијата во рамките на преговорите за Сирија во Москва.
“За време на мојата посета во Москва јас реков дека ние сме подготвени за трети круг разговори во Москва, бидејќи имаме потреба од дијалог со опозицијата”, изјави Асад.
