Виното како лек

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Терапија со вино

Докторите од Големата западна болница во Свидона на пациентите кои претрпеле инфаркт им препишуваат терапија со вино. На пациентите на кардиологија им се препорачувало секој ден да пијат по две чаши вино. Оваа терапија се темели на истражувањата кои покажале дека со пиењето вино за 20% се намалува ризикот од мозочен удар, додека за 50% од срцев удар. Ова е првата болница во Европа која во пракса применува теорија на позитивни влијанија на
антиоксидансите од виното.

bottles and glasses of wine and assortment of grapes, isolated on white

bottles and glasses of wine and assortment of grapes, isolated on white

Белото вино заменете го со црвено вино

Црвеното вино е одлично за крвта. Кога температурите навечер се пониски отколку во текот на денот, слободно можете да се напиете црвено вино. Доколку испиете една чаша од црвеното вино во текот на денот, се зголемува вредноста на добриот холестерол и не се создаваат грутки крв во артериите и вените. Виното исто така го подобрува и варењето на храната, а одлично влијае на метаболизмот. Но, сепак не е добро да се пијат повеќе од две до три чаши вино на ден. Секој кој ќе претера со консумацијата на вино ќе има проблеми со здравјето: од зголемен притисок, нарушување на ритамот на срцето, до оштетувања на црниот дроб.