Русија од 1 јануари повторно воведува визен режим за турски државјани, изјави денеска министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

-„Донесена е одлука за запирање на безвизниот режим кон Турција“, изјави Лавров ред новинарите после состанокот со сирискиот колега Валид Муалем.
-„Одлуката ќе стапи на сила на 1 јануари 2016 година“, додаде тој.
Откако Турција го урна рускиот авион, Русија и натаму не добила официјално извинување од Анкара, додека турски официјални лица порачаа дека извинување нема да добијат, бидејќи не знаеле дека во прашање е рускио авион.