Производи:
1 кг свинска плешка без коска исечена на големи парчиња
1 лажица маслиново масло
1 конзерва варен грав, исплакнат
3 големи домати, сецкани
1 чаша сецкан кромид
1 зелена пиперка
1 црвена лута пиперка
2 чешниња лук, истолчени
¾ лажичка ким
ол
1 коцка пилешки бујон
1 чаша свеж спанаќ
2 лажици свеж сок од лимон
1 чаша павлака
3 стапчиња магдонос, исецкани на ситно
Подготовка:
Исечете ги мастите од месото, ако има такви. Исечете го на крупни парчиња. Пржете го на средна температура во маслиновото масло. Да дојде до златесто кафеаво. Ставете го месото во тава. Додадете ги гравот, доматите, кромидот, исечени пиперки, лукот, кимот и солта. Истурете ја претходно растворената коцка супа во литар и пол вода.
Покријте и оставете да се вари на тивок оган околу 2 часа. Конечно додадете го спанаќот и сокот од лимон. Зачинете со магдонос и промешајте. За финале додадете и павлака. Послужете ја супата топла.