Променливо облачно, со повеќе сончеви периоди

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Времето  во Македонија ќе биде променливо облачно, во западните делови со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер поизразен кон источните делови од земјата.време

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди и со слаб северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Ќе продолжи периодот на стабилно и суво време со релативно високи дневни температури. Во четврток ќе има услови за појава на утринска магла во одделни котлини.

 

Слични содржини