Moсква објави три рути по кои Турција шверцува нафта од ИСИС

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Рускиот Генералштаб објави три маршрутата по кои Турција нелегално снабдува нафта од Сирија и Ирак. На ден Турција според руските воени проценки заштедува три милиони долари од незаконска трговија на нафта. Со оглед на руските воени удари добивката е преполовена на 1,5 милиони долари, објавија руските медиуми.

0000285275-article2

Лично заменик- министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов пред новинарите и во присуство на странските воени аташеа акредитирани во Москва објави дека руските воено-вселенски сили пресретнале три правци по кои во Турција се извезува украдената нафта од Сирија, кој неа и ја продава ИСИС.
Според податоците со кои располагаме, во овој криминален бизнис е вовлечено високото политичко раководство на Турција – претседателот Ердоган и неговото семејство. Русија повеќепати зборувала за опасноста да играат на карта на терористите, тоа е како да се додава масло на огнот. Пожарот од една страна може да се префрли во други држави од регионот на Блискиот Исток, рече заменик министерот.
Началникот на главното оперативно управување на Генералштабот на вооружените сили ген. Сергеј Рудцкој соопшти дека руската воени сателитски и разузнавачки информации регистрирале само во еден ден преминувањето на 240 танкери од сириска страна кон Турција. Според проценките на руското воено министерство на ден Турција заработува по 3 милиони долари од нафтата, но поради ударите од руската авијација по овие своевидни коридори за пренос на нафта од Сирија, Анкара почна да губи по еден и пол милиони долари, со што профитот и е намалена на половина. Рудцкој објасни дека третиот пат на транспорт на нелегална нафта во Турција почнува од областите каде што се добива – во североисточна Сирија и северозападен Ирак.

Руската воена команда ги повика САД и коалицијата да не гледаат настрана на овој шверц на нафта од Исламската држава кон Турција и тие да се вклучат во уништувањето. Руската команда е убедена дека соборувањето на воениот авион СУ-24 во Сирија од турските воздухопловни сили минатата недела било за да се обезбеди безбедноста на транспортот на нелегалната нафта од страна на Анкара по т.н. “западен пат” на трансфер во турските пристаништа кои се наоѓаат во југоисточните области, каде што одтаму се продава директно на трети страни.

Слични содржини