Претпладне слаба магла по котлините

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Времето  во Македонија ќе биде сончево, претпладне со слаба магла по котлините. Ќе дува слаб северен ветер.28042014160316_временска прогноза

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 11 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со утринска магла. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со релативно високи дневни температури. Поради јужното струење по котлините ќе има појава на утринска магла.

Слични содржини