Италија спаси над 1500 мигранти во 11 одделни операции во близина на брегот на Либија, соопшти италијанската крајбрежна стража.

Italian Coast Guard scuba divers, seen bottom left, rescue migrants in Pantelleria, Italy, 13 April 2011.  Officials say two women drowned while attempting to reach Italy from North Africa after their boat with 250 people aboard went off course and ran aground just off an Italian island. Vittorio Alessandro of the Coast Guard said the boat was likely carrying Sub-Saharan Africans as it ran aground on the morning of 13 April 2011 near the small island of Pantelleria. This picture was made available by the Italian Coast Guard.

Со тоа бројот на спасени мигранти во последните два дена достигна 3.500 лица.

Мигрантите го искористиле привременото подобрување на временските услови, за да се обидат да го преминат Средоземното Море со 10 гумени чамци и рибарски брод. Тие се спасени од италијанската морнарица и крајбрежната стража.

Според податоците на Меѓународната организација за миграции ооваа година близу 860 000 луѓе пристигнале во Европа преку Средоземното Море, а над 3500 мигранти загинале при најопасниот премин.

Слични содржини