МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ -5 Берово, -3 Тетово, -2 Прилеп, Битола, Струмица, Маврово, Тополчани, Кр. Паланка, -1 Штип, 0 Лазарополе, Д. Капија, Виница, Скопје, 1 Куманово, Дебар, Ѓуриште, Пожаране, 2 Претор, Пожар, Гевгелија, Крушево, 3 Дојран, Охрид.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Долж Повардарието и по котлините има ниска облачност и магла . Во некои од котлините, Пелагонија и Полошката има и намалена видливост до 50 метри. Во другите котлини маглата е со послаб интензитет. Во останатите делови од земјава ,на планините времето е претежно сончево и студено.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. Претпладне по одделни котлини со магла и ниска облачност. Максималната температура ќе се движи во интервалот од 10 до 18 степени.
Скопје претпладне со појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот сонќево со мала до умерена облачности со слаб ветер од променлив правец. Максималната т-ра ќе достигне до 12 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Нашето подрачје во текот на работната седмица сеуште ќе биде под влијание на антициклон кој ќе условува стабилното и суво време со релативно високи днвни температури на воздухот. Во претпладневните часови поради слабо изразено воздушно струење, по одделни котлини и речните долини ќе има ниска облачност и појава на магла.