Потребни производи:
6 големи свежи компири
150 г обично путер или масло со билки и зачини
150 г кашкавал
Чедар сирење
1 мало тенџере павлака
Млад кромид
Подготовка:
Измијте го добро компирот, но не го лупете. Ставете го во посолена вода што врие неколку минути, за да подомекне. Потоа со помош на остар нож пресечете го компирот на тенки парчиња. Како што го сечете, не го разделувајте компирот до крајот. Парчето треба само малку да се рашири.
Започнете да го ставате путерот и кашкавалот помеѓу тенките парчиња. За да ви е полесно со маслецот оставете го неколку минути во замрзнувач. Откако ќе ги наполните компирите, поминете со малку маслиново масло. Ставете да се пече во рерна на средна температура.
Кога се речиси готови посипете го компирот по желба со чедар сирење. Послужете со малку павлака во која сте ставиле млад кромид. Кон производите може да додадете и ситно исечен колбас или шунка.