(ВИДЕО) Сугарески: Изборите за Иванов се криминални и со груб фалсификат, да имаше доблест ќе поднесеше оставка

од desk3
140 прегледи

Народните збраници од опозициската СДСМ нема да присуствува на обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов.Според нив тие нема да присуствуваат поради тоа што изборите на кој го добил вториот мандат се нелегитимни, криминални и груб фалсификат.

-ДПМНЕ-ја-кочи-работата-на-Специјалното-обвинителство

“Учинокот на Иванов во овие години, во неговото сторување или несторување на функцијата која ја врши, е најголемо девастирање на функцијата претседател на РМ. За сите клучни прашања молчи и со задоволство ја прифаќа улогата на приврзок на Никола Груевски. Ние тврдиме, додаде тој, а „Вистината за Македонија“ го потврдува тоа, дека изборите за избор на Иванов се нелегитимни, криминални и со груб фалсификат. Неговото однесување е „слика има, тон нема“.

DW: Повеќе лампиони отколку пратеници на обраќањето на Иванов

Иванов молчеше и за скандалот за незаконското прислушување од страна на власта на над 20.000 граѓани, молчеше и за огромниот криминал што ги откри „Вистината за Македонија’“, заради што под покровителство на меѓународната заедница беше потпишан Договорот во Пржино. Кога државата е во сериозна криза, Иванов е само нем сведок. Доцна е сега за Иванов, да имаше барем малку доблест, човечка, а не политичка, ќе си поднесеше оставка на денот на потпишување на Договорот од Пржино, или во најмала рака, ќе си заминеше заедно со Груевски” –  изјави координаторот на СДСМ во парламентот, Горан Сугарески.