Производи:
1 цела мисирка
2 чаши морска сол
½ чаша путер, стопен
2 големи главици кромид, сецкани
4 моркови, сецкани
4 стапчиња целер, исечен
2 стапчиња свежа мајчина душица
1 ловоров лист
1 чаша суво бело вино
Подготовка:
Измачкајте ја мисирката темелно со солта. Ставете ја во голем сад. Покријте ја со ладна вода. Оставете ја да отстои преку ноќ во фрижидер за да се осоли добро месото.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Исплакнете ја добро мисирката, за да се отстрани вишокот сол на кристали. Истурете ја и солената вода.
Намачкајте ја обилно мисирката со половина од стопениот путер. Ставете ја со градите надолу во плиток сад за печење. Истурете половина од исечениот зеленчук околу мисирката. Со остатокот од зеленчукот, заедно со ловоровиот лист наполнете ја внатрешноста на мисирката.
Истурете го белото вино во тавата.
Печете околу 4 часа во загреана рерна на 180 степени, па периодично намачкајте со масло по месото. Ако се наметнува покријте, за да не изгори.
Послужете со печени компири или гарнир од зелена салата.