Телма: Kој се е помилуван од претседателот Иванов?

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Убијци, братоубијци, соучесници, подмитени шумски полицајци, лихвари. Осуденици со тешки кривични дела се најдоа на листата на  помилувани за Нова Година од претседателот Ѓорѓе Иванов, oбјави ТВ Телма.

zatvor 2(1)

Официјалната одлука не ги содржи делата за кои се осудени, не се објавени нуту во службен весник. Но ако се пребараат имињата и презимињата на Google тогаш се појавуваат десетици новинарски написи за изречени пресуди против луѓе со исто име и презиме и за кое дело.

Така на пример во листата на целосно ослободени се наоѓа име на човек кој според интернет архивите е чувар на училиште во Дебарт кој убил еден човек а еден тешко повредил. Исто така може да се најде и името на помилуван кој бил осуден во случајот со убиството на Михајло Чавревски, момчето кое беше убиено од дргарите па фрлено кај Козјак.  Меѓу целосно ослободените е и српски државјанин чие име и презиме и место на живеење со совпаѓаат со возачот од Ниш што ја предизвика сообраќајката кај Демир Капија во која загина осум месечно бебе и неговиот чичко.

Дел од целосно помилуваните е и обвинет во случајот Агент заедно со екс разузнавачот Слободан Богоевски.

Повеќе на оваа тема на овој линк