Потребни производи:
2 чаши брашно
1 лажичка сол
4 лажички прашок за пециво
2 лажици шеќер
2 јајца
1 и ½ чаша топло млеко
1/3 чаша стопен путер
1 лажичка ванилин екстракт (или 1 ампула)
Подготовка:
Во голем сад измешајте брашно, сол, прашок за пециво и шеќер (сувите состојки). Во тоа време загрејте го тостерот за вафли на саканата температура.
Во посебен сад измешајте ги јајцата. Промешајте со млекото, маслото и ванилата. Истурете ја смесата од млеко во мешавината со брашното. Промешајте многу добро со миксер додека не се добие хомогенаа смеса. Со помош на кутлач измерете малку тесто, колку да се прелее калапот на тостерот. Печете додека вафлите не добијат златна боја.
Послужете веднаш! Прелијте ги вафлите со сируп по избор или со чоколаден крем. Можете да украсите и со свежи плодови!
Време за подготовка: 1 час