[РЕЦЕПТ] Потпечен карфиол со зачини и лук

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Производи:
спреј за готвење
¾ чаша брашно
1 чаша вода
½ лажичка лук во гранули
сол
црн пипер
2 глави карфиол, се сече на розички
2 лажици масло
½ чаша лут чили сос
1 лажичка мед42499efc31381258ba7ebb64ee602a65

Подготовка:
Загрејте ја рерната на околу 230 степени. Испрскајте ја тавата за печење со спрејот и ставете хартија за печење.
Измешајте го брашното, водата, лукот, солта, црниот пипер во сад. Треба да се добие хомогена смеса. Тркалајте го карфиолот во смесата добро за да се намачка насекаде. Ставете го карфиолот на листовите хартија за печење. Печете во загреана рерна околу 25 минути или додека фати златна кора.

[РЕЦЕПТ] Полнети печурки со сланина, кромид и плаво сирење

Во меѓувреме стопете го путерот во тенџере на средна температура. Додадете во него чили сос и мед. Мешајте додека не стане мазна смеса. Намачкајте го карфиолот со помош на четка од сите страни.

Печете за уште 10-тина минути, за да фати кафена кора.