Импресионирајте ги гостите со шишарка салата

од desk4
335 прегледи

Салата во облик на шишарка е добар предлог за да ги изненадите блиските и да ги импресионирате со вашата креативност.

zimska-kremasta-salata-vo-oblik-na-sisarki-01

300g крем сирење
50g oреви
200g варено пилешко
20-30g копар
50g мајонез
1 чешне лук
Сол по вкус
200g бадеми за декорација

Како да ја подготвите салатата: 

Во крем сирењето додајте ги ситно сечканиот копар и лукот,  мајонез и изматете со миксер или во блендер. Потоа, ситно сечканите ореви и свареното пилешко исецкано  на ситни парчиња додајте ги во смесата. Посолете по вкус.

Салатата сервирајте ја во форма на елипса која ќе ја декорирате со бадеми како на сликите. Можете да искористите и цели гранки копар.

zimska-kremasta-salata-vo-oblik-na-sisarki-03