Meкдоналдс пушта помфрит со чоколадо

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Компанијата “Мекдоналдс” објави нов производ на својата кујна – помфрит полеан со чоколаден крем.McChoco-Potatoes-McDonalds-Japon-3Од пораката во сајтот на McDonald’s, станува јасно дека производот ќе биде предложен во две варијанти. Во првата опција кремот ќе биде од млечно чоколадо, а во вториот ќе има вкус на какао.

Новото јадење веќе е именувано како “МакЧоко компир”. Според пронаоѓачите тоа ќе им овозможи на клиентите да уживаат во хармоничен спој на вкусови меѓу солениот компир и слатката чоколада. Компанијата верува дека МакЧоко ќе може да се нарача како заедно со хамбургери, па и како десерт.103316057-McChoco-Fries-Header.530x298

Среќниците кои први ќе можат да го пробаат новото мени, се жителите на Јапонија, познатата Земјата на изгрејсонцето, каде McDonald’s очигледно се надева дека ќе изгрее неговиот нов производ.