Ако САД и Русија не ја зацврстат соработката во врска со Сирија, тогаш ќе има катастрофални последици во светски рамки, прогноира Мајкл Флин, поранешен разузнавач на САД.

Во интервју за рускиот весник „Комерсант”, тој вели дека претстои голема закана, а притоа има голем ризик и цена која би ја платиле, а се помалку решенија.
– Кога ќе погледнам што се случува и како се развиваат настаните, гледам дека пред нас стои голема закана. Мислам дека не си оставивме зад нас повеќе алтернативи и заедно се движиме кон проширување на конфликтот во светка војна, вели Флин.
Флин ја критикува стратегијата на САД во Сирија и вели дека е нешто нејасно, па затоа е потребно да се земе воздух и да се направи чекор назад. Доколку САД продолжи со истиот интензитет и стратегија, поддржувајќи ги силите контра Асад, автоматски работи за интересите на Исламска држава.
Затоа апелира на итна соработка меѓу двте големи сили, САД и Русија, како единствено решение на урамнотежување на сириската војна.
-Мислам дека големите сили, Русија и Западот можат да соработуваат заедно. Не зборувам за дипломатски преговори, туку за соработка на бојното, информатичкото и дигиталното поле. “, вели Флин.
Флин инаку важи за познат критичар на американската инвазија во Ирак и меѓународните воени операции во Либија и како шеф на разузнавачката мисија на САД ја водеше службата од 2012 до 2014 година. .