
Девет Македонци меѓу кои и кавадарчанецот Илија Белевски го искачија врвот Ухуру висок 5.895 метри надморска височина на планината Килиманџаро, највисокиот врв во Африка и еден од седумте светски врвови. Тие се уште се во Африка, а во Македонија се враќаат во вторник.
– Во акцијата учествувавме 16 луѓе, повеќето од Македонија и Албанија, како и по еден од Србија и Австрија. Организацијата е на Балканската планинарска федерација и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, изјави Белевски за МИА.

Водич на експедицијата е Живко Темелковски, а покрај Белевски учествуваат и Катица Борисовска, Виктор Калаузи, Александар Николовски, Димитар Малиновски, Иван Трпков, Игор Стојковиќ и Искра Лазарова.