Производи:
350 г путер бисквити
150 г масло
3 банани
450 г урда
200 мл павлака
2 лажици шеќер во прав
1 и 1/2 лажичка желатин
5 кесички ванила во прав
Подготовка:
Сомелете ги бисквитите во блендер или издробете ги, а потоа додадете кон нив стопен путер. Повторно мешајте неколку секунди и распотранете го рамномерно бисквит тестото по дното на формата за куглов.
Ставете желатин во чашата и додадете кон него 6-7 лажици топла вода и добро промешајте за да се раствори. Во блендер изгмечете ги бананите, урда, павлака, ванила и шеќер во прав.
Пресипете го кремот во сад и полека и внимателно додадете желатин, додека мешате постојано.
Добиениот желатински крем се распределува рамномерно врз бисквит кората. Тавчето се покрива со фолија и се става во фрижидер за 3-4 часа.
Пред сервирање украсете со парчиња банани, крем или чоколадо.