Состојки:
За полнењето:
4 чаши цреши
1 и ½ чаши шеќер
4 лажици пченкарен скроб
1/8 лажица бадемов екстракт (по желба)
1 и ½ лажичка масло
1 лажица шеќер за попрскување
За тестото:
1 и ¼ чаши брашно
¼ лажички сол
½ чаша маргарин, ладен
¼ чаша вода
Подготовка:
За тестото:
Во голем сад измешајте брашно и сол. Исечете го маргаринот на коцки и додадете го во брашното. Кршете, додека се добијат големи трошки. Додадете малку вода и месете, додека се добие топка. Завиткајте во најлон и чувајте во фрижидер за 4 часа.
Поделете го тестото на две топки. Едната расукајте на тенко. Ставете ја кората на дното на тавата за печење, однапред намачкана. Расукајте ја и другата топка тесто.
За полнењето:
Ставете ги црешите во тава на средна температура. Покријте ги. Нека се запечат. Откако ќе пуштат од сопствениот сок, извадете од огнот. Во мал сад измешајте го шеќерот и пченкарниот скроб. Истурете ја смесата врз жешките цреши.
Додадете од бадемовиот екстракт и промешајте. Вратете ја смесата на топлина и гответе на тивок оган додека се згусне. Промешувајте повремено. Тргнете од огнот и оставете да се излади. Кога ќе згусне доволно нанесете врз кората. Покријте со другата кора. Посипете со шеќер.
Печете во загреана рерна на 200 степени.