Германија ги изгуби трагите на 130 илјади имигранти и бегалци

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Германските власти не знаат каде се наоѓаат околу 130 илјади луѓе, од оние кои пристигнале во земјата минатата година и се изјасниле дека бараат азил. 4679967Информацијата е објавена во електронската верзија на весникот “Зидојче цајтунг”, кој располага со одговорот на Министерството за внатрешни работи на парламентарен прашање поставено од Левата партија (Linksparte).

Според документот, околу 13% од странците кои пристигнале во 2015 година во Германија, како азиланти,  не се појавиле на местото на новата регистрација, односно во центрите за прилагодување кон кои биле насочени.

Вкупно во Германија минатата година пристигнаа околу 1,1 милиони лица, баратели на азил. Министерството за внатрешни работи претпоставува дека исчезнатите мигранти најверојатно се  кај свои роднини или пријатели во другите земји од ЕУ или се приклучиле на криминални групи и останале да живеат нелегално на територијата на Германија.

Слични содржини