[РЕЦЕПТ] Палачинки без глутен

од Vladimir Zorba
667 прегледи

Состојки:
1 чаша брашно од хељда или бадемово брашно
1 лажичка прашок за пециво
2 лажички цимет
2 кесички ванилин шеќер
1 чаша млеко
1-2 јајца
масло0e7a5defa64ed85595ff75c9752d8985

Подготовка:
Во сад се комбинираат сувите состојки, а потоа кон нив додадете ги млекото и јајцето. Добро промешајте. Потоа во тава загрејте добро малку парче путер.
Може да направите стандардни големи палачинки или неколку помали, но помеки.
Послужете ги палачинките со мармалад, течно чоколадо, крем и овошје или како што ги сакате.