На 03.03.2016 година во 16.15 часот во ПС-Тетово, З.Р. (65) од с.Нераште, тетовско, Јавен Обвинител во ОЈО Тетово, пријави „загрозување на сигурноста“. Имено, во 15.07 часот во Основниот суд во Тетово, по објавување на пресуда против обвинет од Скопје, една од присутните му пришла и со двете раце го фатила во пределот на реверот на палтото и почнала да го влече, заканувајки му се дека ќе има работа со неа. На ова реагирал обвинетиот, кој успеал да ја оттргне од обвинителот. По барање на судијата, интервенирала судската полиција и ја отстраниле од судницата, но не ја обезбедиле за понатамошна постапка, односно истата ја напуштила судската зграда. Се работи на идентификација и пронаоѓање на сторителот.
105
