Состојки:
10 лути пиперки
1 пакување крем сирење со зачини
100 г сланина исечена на ленти
Подготовка:
Пиперките се сечат на половина по должина и семките се вадат. Се полнат со крем сирењето и околу нив се мотаат по 1-2 парчиња сланина. Се ставаат во тава и се печат во загреана рерна до подготвеност на сланината.