[РЕЦЕПТ] Банани со чоколадо и ореви

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Состојки:
3-4 банани
2 чоколада по ваш избор
100 г мелени ореви по ваш избор
чепкалки за сладоледda38bbb9a5bb89b2a2b70cc00922ee5e

Подготовка:
Излупете ги бананите и исечете ги на парчиња со димензии околу 4-5 см. На водена бања растопете го чоколадото. На секое парче банана ставете по една чепкалка за сладолед.

Потопете ги бананите во чоколадото, посипете со ореви и ставете во чинија врз која сте ставиле хартија за печење. Откако сите банани се подготвени, ставете ги во фрижидер за неколку минути, за да се затегне чоколадото.