Традиционални јадења од ориз

од Vladimir Zorba
484 прегледи

DSC_6440_2_PS_REDUCED c

Сутлијаш

Сутлијашот е еден од најстарите десерти коишто се подготвуваат од ориз. Се подготвува со млеко, но кога нема млеко, оризот може да се вари само со вода и тогаш десертот се вика зерде.
Потребно состојки: Ориз, млеко, шеќер по вкус, пакетче ванилин шеќер, чоколада за готвење, цимет.
Подготовка: Односот на оризот и млекото е 1:4. Наместо четири дела млеко може да се употребат два дела млеко, а два вода. Во тенџере се ставаат млекото (млекото и водата) и шеќерот да зовријат, па се додава оризот и постојано се меша додека да се згусти. При крај се додава ванилин шеќер. Откако ќе се свари, содржината треба малку да одмори во тенџерето, па потоа се истура во чинии и озгора се ренда чоколадо и се наросува цимет.

turski-sutlijas-by-irenamkd-7686ab69ffdb2a7a476d255747caae38_view_mПилав

Потребни состојки: ориз, вода, масло, сол.
Подготвување: Се става водата да зоврие. Пред да зоврие се додава малку масло или маргарин и сол. Потоа се додава оризот и се вари на тивок оган, со постојано мешање, додека водата целосно не испари.
Посебно се загрева масло и со него се попарува оризот. За ова јадење ценетиот готвач од Кочани Ванчо Лазаров вели дека соодносот на водата и оризот е 1:2 затоа што потоа се додава зејтин, кој исто така се впива во оризот. Откако ќе се свари се остава содржината да одмори во тенџерето покриено со капак. Откако малку ќе се излади, се сервира во чинии и озгора по желба се ренда сирење.