
Потребни состојки
- 1.2 кг компири
- 350 гр пашканат
- 5 моркови
- 3 парчиња млад кромид
- 350 гр спанаќ
- 400 мл вода
- 40 мл маслиново масло
- 2 лажички сол
- 2 лажички црвен пипер
- 1 лажичка лут буковец (или по желба)
- 1 лажичка мајчина душица
- 1/2 лажичка мелен бибер
- 1/2 лажичка куркума
- 5-6 лажици соја сос
- по желба рукола
- по желба кисело млеко
Компирите, пашканатот, морковите и младиот кромид ситно се сецкаат и се ставаат во тава со капак.
2. Зеленчукот се полева со маслиново масло, се додаваат 300 мл вода, 1 лажичка сол, 1 лажичка црвен пипер, 1 лажичка лут буковец, ½ лажичка мелен бибер, ½ лажичка куркума, 1 лажичка мајчина душица и соја сос и се убаво се меша и се покрива со капак.
3. Тавата се става во претходно загреана рерна на 240 степени и се пече околу 35-40 минути.
4. Во меѓувреме во тава со 100 мл вода се става спанаќот, 1 лажичка сол и 1 лажичка црвен пипер и се готви кратко додека спанаќот не омекне а потоа се трга настрана.
5. После 40-тина минути се вади тавата и внатре се додава спанаќот кој се меша со останатиот зеленчук, а потоа тавата се враќа во рерна и се пече без капак уште 20-25 минути на 200 степени (водата треба да испари).
6. Во чинијата за сервирање по желба врз зеленчукот може да се нароси ситно сецкана рукола и топче кисело млеко.
Извор: Мои рецепти