
Потребни намирници:
1 авокадо
4 јајца
160гр шеќер
1 ванила
кора и сок од половина лимета или лимон
50мл млеко
50гр мелени ореви
170гр путер
340гр брашно
1 пециво
глазура
100гр шеќер во прав
сок од лимон
сецкани фстаци
Прво се чисти авокадото, па се ренда.
Сега во вангличка се ставаат јајцата со шеќерот и се матат до згуснување.
Постепено се додаваат млекото и омекнатиот путер, па сокот од лимон и кората,брашното, оревите, пецивото, ванилата.
Со шпатула сето убаво се соединува.
Смесата се истура во долгнавест калап за печење.
Се печи околу 40 мин на 180 степени.
се остава на решетка да се излади.
Се спрема глазурата.
Се соединуваат шеќерот и сокот од лимон.
Се прелева изладениот колач и се посипува со фстаци.
Извор: Моирецепти