123
По изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дека ДУИ останува во Владата, но ќе изврши промена на министрите и замениците со нови, пратеникот Артан Груби на својот Фејсбук профил напиша дека одлуката за понатамошните чекори на коалициониот партнер ја има само лидерот Али Ахмети.
„Одлуката за следните чекори на Демократската Унија за Интеграција по повлекувањето на нашите Министри и Заменици Министри е екслузивно само во рацете на Претседателот Али Ахмети и според Статутот но и одлуката на Претседателството, одлуката е само негова и на никој друг“, напиша Груби.