Празник на карамелот

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Карамелот е беж до темно-кафеава материја што се добива од термичка обработка на шеќер на 170 степени. Тој е главен кондиторски производ кој се користи како додаток во пудинзи и колачи, како фил или како полнење.4749118

Зборот доаѓа од шпанскиот Caramelo, позајмен од латинскиот Caramelus / шеќерна трска /, во 18 век. Во кондиторската индустрија, денес го слават празникот на овој производ. Еве некои основни факти за карамелот, избрани од Foodpanda.

Прегорениот шеќер се користи за боење на некои производи и пијалоци како Кока-Кола. Во современите рецепти се користи гликоза, заради полесно нејзино карамелизирање.

Карамелите-бонбони се едни од најпопуларните слатки во Америка и Канада.

Има теорија дека карамелот е произведен за прв пат од Арапите. Тој е една од причините да се зголемат увозот и производството на шеќер во Европа.

Топ готвачите користат карамел за декорација, со тоа што го прават во различни форми.

Внимавајте со карамелот, кога е топол. Може да ви остави лузни. Во 2016 година бојата карамел е една од најактуелните во боите за коса. Она што го препорачуваат слаткарите е да пробаш еден од највкусните десерти, имено чиз-кејк со карамел, кој се наметна успешно во елитните ресторани во Италија, Франција и Германија.