Признајте си: и вие сакате да се возите во приватен авион до некоја егзотична дестинација, да јадете нетрадиционална храна и да пиете скап шампањ.
Авионските компании се натпреваруваат што и како да им понудат повеќе на своите патници, па да се чувствуваат добро, и покрај износот што ќе треба да го платат. Foodpanda избира 5 од најлуксузните јадења, кои може да ги пробате на авионот:
1. Ако патувате во бизнис класа на Новозeландските авиокомпании, ќе уживате во печен лосос со смрадлика за мезе, печено пилешко со шафран, бел грав и гарнир од хумус од тиква и карамела. За десерт ќе пробате панe кота со бело чоколадо и розова вода.
2. Ако патувате во прва класа на Јапонските ерлајнс ќе уживате во октопод со тиква или говедско во сусам сос.
3. Сигурно едни од најдобрите авиокомпании се оние на Арапските Емирати. Таму ќе се пробате пушена кокошка со мандарини или говедско месо со кокосово млеко. За десерт ќе ви понудат пита со јагода и богат мини бар.
4. Во друга авиокомпанија повторно од Арапските Емирати, ќе уживате во домашен комфорт во стан со две спални меѓу облаците. Оние кои ќе изберат лет во “Residence” ќе имаат личен готвач, кој ќе им го задоволи секој каприц. Едно од најдобрите јадења е фуа-гра со боровинки сос.
5. Во првата петорка се најдоа и Корејски авиокомпании кои ќе ве пречекаат5 на палубата со коктел во рака. Уживањето во вкусни корејски јадења како зачинета патка или пилешка сума со женшен.