94
Иако најавено за денеска, воопшто не се одржа судењето за случајот Пуч.
Зоран Заев, Зоран Верушевски и останатите осомничени во овој случај добија решенија од судот дека постапките кон нив се запрени заради одлуката за аболиција донесена од претседателот Ѓорѓе Иванов.
Лидерот на СДСМ, Заев најави дека е поднесена жалба на ова решение и ќе бара укинување на аболицијата.
Можно е да ја бара правдата и во судот во Стразбур по основ на член 6 од Конвенцијата за правично судење