Предлог рецепт од форумот Фемина:

Caprese ја открив пред 4 години, прв пат јадев во Австрија и ич не ми се допадна. Во Шпанија често ја служат и таму се навикнав да ја јадам, после некое време ми стана хит , а гледам дека и по некои ресторани во Ск ја служат ама не онака како оригиналната.
Рецептот е многу лесен.
Домати, ама да не се премногу сочни ,се сечат на тенки кругови. Моцарелата ( ама бела, жолтата е за пица) се сече исто на кругови , се реди врз гоматите , се зачинува со свеж исецкан босилек, сол, многу малку магдонос (може и сушен ) , маслиново масло и балзамико.
Лесно се прави, свежа е, оди со ракоја, узо, вотка… се што е жестоко, предложи Ирена редовен форумџија на Фемина.