[РЕЦЕПТ] Топчиња од сирење и ролни од рак

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Состојки:
100 г сирење
200 г ролни од рак + уште 50 г ролни за топчињата
2 јајца
1 лукче
3 лажици мајонезd65303face6c85203a3174e38833878dПодготовка:
Јајцата треба да бидат тврдо варени. Во сад изрендајте ги сирењето, јајцата и ролни. Додадете го кон нив мајонезот и истружениот лук. Измешајте добро и од добиената смеса обликувајте топчиња кои ќе ги тркалате во ренданите ролни од рак. Ставете ги во чинија и оладете во фрижидер за околу еден час.

Фото: iStock