Почна протестот во Скопје. Граѓаните прво маршираат кон Пазарната инспекција, а потоа кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ .
На зборното место во Скопје, пред зградата на Специјалното јавно обвинителство, се собираа демонстрантите кои денеска ќе учествуваат на протестот и со кој бараат да се повлече одлуката за аболиција на Ѓорге Иванов и да се одложат изборите од 5 јуни.
Граѓаните се движат кон објектот на Пазарната инспекција #протестирам #шаренареволуција pic.twitter.com/pMYota9CJN
— META.mk (@meta_agency) May 12, 2016
#протестирам #шаренареволуција Граѓаните се собираат пред СЈО, ќе се движат кон објектот на Пазарна инспекција pic.twitter.com/uGbsM1GXC5
— META.mk (@meta_agency) May 12, 2016
– Деновиве сме сведоци на инспекции врз ресторани и кафулиња, уништување имот на невладини организации и приватен имот, вербални и физички напади врз соборци и граѓани. Но, повторно и повторно порачуваме: „Тоа нема да не спречи да ја бараме слободата!“ Веќе доволно пати сме биле сведоци на вакви притисоци и заплашување – нема да ви поминат. Ќе останеме солидарни со сите наши соборци и граѓани кои најдемократски бараат нормален живот без страв и уцени. Остануваме на улица се до подобра Македонија. И гласно покажуваме: Газиме врз стравот! – порачуваат денеска демонстрантите./извор а1он и Мета