[РЕЦЕПТ] Пилешко на кинески начин со ананас

од Vladimir Zorba
457 прегледи

Состојки:
2 лажици маслиново масло
½ средно голема главица кромид, исечкана на коцки
300 г пилешки гради, се сечат на големи парчиња
500 мл растворена зеленчукова супа
2 чинии ориз
1 врска праз, ситно сецкана
10 г кинески суви печурки, натопени
3 парчиња ананас
1 мала чили пиперка, исечкана
2 штипки рендан ѓумбир
сокот од 1 лимон
20 мл соја сос
микс зачини по избор
1 гранче свеж коријандерf42e57d8b55d8617bc97c5c0070fd4b5

Подготовка:
Зачинете го пилешкото со зачините. Додадете го маслиновото масло и кромидот во садот за готвење. Одберете програма за пржење и поставете време 5 минути. Притиснете старт и ставете го пилешкото мешајќи повремено.

Од менито изберете ја програмата за ориз и притиснете старт. Додадете го празот, печурките, ананас, чили пиперки и ѓумбир. Затворете го капакот и оставете да се готви за 10 минути.

Потоа додадете ориз и супа, измешајте сé и затворете го капакот. По 10 минути додадете сок од лимон и соја сос. Оставете да се готви до подготвеност или според времетраењето на програмата која сте ја избрале.