Состојки:
200 г цвекло
1 ванила
250 г шеќер
150 мл масло
4 јајца
250 г брашно
1 лажиче сода
1 лажиче сол
5-6 лажици какао за готвење
Подготовка:
Сварете го цвеклото и изладете го. Потоа претворете го во пире со помош на блендер. Подгответе правоаголна форма за печење. Намазнете ја, загрејте ја рерната на 180-200 степени.
Измешајте ги јајцата, цвеклото, ванилата, маслото и шеќерот во сад со миксер. Во друг сад измешајте ги сувите состојки – брашното, солта, сода бикарбона и какаото. Потоа додадете ги кон останатите производи и повторно промешајте со миксер до добивање на хомогена смеса.
Истурете во садот за печење и печете не повеќе од 40 минути.