Состојки:
4-5 мали тиквички
2 лажици маслиново масло
сок од еден лимон
сол и бибер по вкус
2 лукчиња
3/4 чаша ситно рендан пармезан
Подготовка:
Исечете ги тиквичките на долги парчиња, со тоа што ќе избегнувате семки. Во сад измешајте маслиново масло со лимони, истолчен лук, солта, црниот пипер. Ставете тиквички во тава во која претходно сте ставиле фолија за печење.
Со помош на готварска четка намачкајте ги со смесата рамномерно, по што ќе ги посипете со рендан пармезан. Печете во загреана рерна на 180 степени до подготвеност (околу 12-15 минути).
Слика и идеја: cookingclassy