НСДП: Во преговорите да се вклучат и помалите парламентарни партии

од Vladimir Zorba
71 прегледи

На денешната седница на Централниот одбор на НСДП усвоени биле четири заклучоци поврзани со политичката криза. Партијата заклучила дека за да се спречи понатамошното пропаѓање на Република Македонија на внатрешен и надворешен план, неопходно е организирање на предвремени парламентарни избори.

nsdp

„Опозицијата не смее повторно да влезе во замката на власта и да прифати датум за избори без да бидат исполнети условите за слободни и фер избори. Вообичаен редослед на активностите би бил итно исполнување на условите преку прочистување на избирачкиот список, започнување на реформи во медиумите, што меѓудругото подразбира и расчистување со криминалот и корупцијата за кои се говори во прислушуваните разговори. Од друга страна, тоа пак значи и обезбедување на непречена работа на СЈО и после тоа консензуално утврдување на датум за избори, точно онака како што побара германскиот дипломат Јоханес Хајндл“, велат од НСДП.

Од партијата очекуваат во преговорите да се вклучат и претставници на помалите парламентарни партии од власта и опозицијата. НСДП изрази и поддршка на условите и барањата кои ги испорачаа граѓаните преку „Шарената револуција“./Meта